Што нудиме?
Зошто да не изберете нас?
Најчести Прашања
Кои услуги ги нуди Smates?
Smates нуди широк спектар на услуги за обработка на метал и не-метали, вклучувајќи CNC ласерско сечење на лимови и цевки, виткање на лимови, заварување, прашкасто (електростатско) бојадисување. Ние исто така нудиме инжинеринг и развој на производи, како и услуги за дизајн.
Што е ласерско сечење?
Ласерското сечење е прецизен производствен процес кој користи фокусиран зрак на светлина за сечење или гравирање на материјали со висока точност. Широко се користи во индустрии како што се производство на метал, обработка на дрво и текстил поради неговата способност да произведува сложени дизајни и чисти рабови со минимален материјален отпад.
Кои материјали можете да ги обработите?
Ние работиме со различни материјали, вклучувајќи:
- Челик
- Нерѓосувачки челик
- Алуминиум
- Не-метали, вклучувајќи пластика, медијапан, кожа, дрво и други слични материјали
Како да добијам понуда?
Можете да ни испратите е-маил на info@smates.mk, или да не повикате на +389 71 305 806. Нашиот тим ќе ви одговори во најкраток можен рок со понуда.
Дали треба да ви испратам дизајн / цртеж?
Можете да ни испратите ваши дизајни во форматите DXF, DWG, PDF, или други формати. Ако немате готов дизајн, нашиот тим може да ви помогне со дизајнирање и развој.
Дали работите и со нарачки за помали количини?
Нудиме флексибилност за сите видови проекти – од помали нарачки до поголеми производствени серии. Работиме по потреба и по три смени за да ги задоволиме вашите рокови и барања.
До која дебелина и димензија на лим може да исечете?
Smates може да обработува метални лимови до 25mm дебелина и димензии до 3000mm x 1500mm, но исто така за подебели материјали може да ви најдеме решеније во соработка со други фирми.