fbpx

Прецизно и Ефикасно Ласерско Сечење

Нудиме прецизни и ефикасни услуги на фибер ласерско сечење, за потребите на различни индустрии. Работиме со челик, нерѓосувачки челик (инокс), алуминиум и други материјали, секогаш обрнувајќи внимание на точноста и квалитетот. Нашиот искусен тим се грижи процесот да биде брз и ефикасен, со минимален отпад и можност за изработка на сложени форми.
0
м2
Погон
0
+ тони
Лим - Годишен Капацитет на Обработка
0
+
Земји Во Кои Извезуваме

Што претставува ласерското сечење на лимови?

Ласерското сечење на лимови е процес каде што се користи моќен ласер за прецизно сечење на метални плочи. Овој метод е идеален за изработка на сложени форми и дизајни со чисти и точни рабови. Клучните предности на ласерското сечење вклучуваат:

  • Прецизност и точност: Обезбедува детални и сложени сечења со минимални отстапувања.
  • Брза изработка: Погодно и за мали серии и за големо производство.
  • Минимален отпад: Прецизноста на ласерот го намалува вишокот материјал, што го прави процесот економичен.
  • Флексибилност: Работи со различни видови метали како нерѓосувачки челик, алуминиум и обичен челик (црн лим), како и со материјали со различна дебелина.

Покрај ласерското сечење, Smates нуди и други услуги како ласерско сечење на цевки, виткање со Апкант преса, прашкасто фарбање, монтажа и CAD дизајн. Ова ви овозможува комплетно решение за вашиот проект со ефикасен и квалитетен производствен процес.

Најчести Прашања

Кои услуги за метална обработка ги нуди Smates?

Покрај ласерското сечење на лим, Smates нуди комплетен пакет услуги за метална обработка, вклучувајќи виткање лим, сечење на цевки со ласер, прашкасто фарбање, заварување и 3D CAD дизајн.

Погледнете ги нашите други услуги тука.

Кои материјали може да се исечат со фибер ласер?

Ласерското сечење може да обработува различни материјали, вклучувајќи не’рѓосувачки челик (инокс), челик, алуминиум и специјални легури. Изборот на материјал зависи од специфичните барања на вашиот проект, како што се издржливоста, јачината и завршната обработка.

До која дебелина и димензија на лим може да исечете?

Smates може да обработува метални лимови до 25mm дебелина и димензии до 3000mm x 1500mm, но исто така за подебели материјали може да ви најдеме решеније во соработка со други фирми.

Како да добијам понуда?

Можете да ни испратите е-маил на info@smates.mk, или да не повикате на +389 71 305 806. Нашиот тим ќе ви одговори во најкраток можен рок со понуда.

Дали треба да ви испратам дизајн / цртеж?

Можете да ни испратите ваши дизајни во форматите DXF, DWG, PDF, или други формати. Ако немате готов дизајн, нашиот тим може да ви помогне со дизајнирање и развој.

Дали работите и со нарачки за помали количини?

Нудиме флексибилност за сите видови проекти – од помали нарачки до поголеми производствени серии. Работиме по потреба и по три смени за да ги задоволиме вашите рокови и барања.

Контактирајте не

За да добиете понуда или за повеќе информации.