fbpx

Услуги

Услуги за CNC ласерско сечење

Ласерското сечење е прецизен производствен процес кој користи фокусиран зрак на светлина за сечење или гравирање на материјали со висока точност.
Во Smates, нудиме високо прецизни услуги за CNC ласерско сечење, кои се идеални за различни индустрии и проекти. Нашите ласерски машини овозможуваат брзо и ефикасно сечење на различни материјали, вклучувајќи челик, алуминиум и нерѓосувачки челик, со исклучителна прецизност и минимални отпадоци. Без оглед на сложеноста на проектот, нашиот стручен тим е тука да ви помогне да ги реализирате вашите идеи и да ви обезбеди најдобри решенија за вашиот бизнис. Соработуваме со компании од локалниот и меѓународниот пазар, гарантирајќи високи стандарди на квалитет и навремена испорака на вашите производи.

Ласерско сечење на профили

Ласерското сечење на цевки е напредна техника што користи прецизен ласерски зрак за обликување и сечење метални цевки со различни димензии, дебелини и форми. Оваа метода овозможува создавање на чисти и прецизни рабови, со минимално губење на материјал, што ја прави идеална за брзо и квалитетно производство. Ласерското сечење на цевки наоѓа широка примена во индустрии како градежништвото, мебелската и други индустрии, како и во архитектонски детали за огради, столбови и други елементи.

Со нашата напредна опрема и искусни оператори, Smates обезбедува решенија прилагодени на специфичните барања на клиентите, овозможувајќи уникатен дизајн и максимална прецизност, без разлика на комплексноста на проектот.

Виткање на лим со апкант преса

Виткањето на лим со апкант преса е процес на прецизно обликување на метални лимови, каде лимот се притиска помеѓу две матрици за да се добие посакуваната форма и агол. Со нашите CNC апкант машини и тим од искусни оператори, Smates обезбедува висок степен на точност, и брзи рокови на испорака, гарантирајќи квалитетно и ефикасно решение за сите ваши потреби.

Можеме да ја организираме набавката на материјалите за вас, или, доколку сакате, можете да донесете сопствен материјал.

 

Ласерско и други видови заварување

Ласерското заварување е напредна технологија која користи фокусиран ласерски зрак за создавање на споеви со висока прецизност. Оваа метода нуди бројни предности, вклучувајќи минимално загревање на материјалот што се заварува, што резултира во помали деформации, како и побрзо и поефикасно заварување во споредба со традиционалните методи. Освен ласерското заварување, нудиме и различни техники за заварување, како што се TIG, MIG и пунктирање, што ни овозможува да ги задоволиме различните барања на клиентите и да обезбедиме квалитетни заварени споеви за различни индустрии.

Прашкасто бојадисување / фарбање

Прашкастото бојадисување е напреден процес на бојадисување-пластифицирање на метални површини со прашкаста боја. Оваа метода нуди бројни предности, вклучувајќи висока отпорност на абразија, корозија и УВ зрачење, што резултира во долготраен и естетски завршен производ. Со широк спектар на RAL бои, прашкастото бојадисување е идеално решение за различни индустрии, вклучувајќи декораативна, мебелска и градежна. Нашиот тим од експерти во Smates гарантира прецизна и квалитетна апликација на прашкастата боја, со цел да ги задоволи вашите специфични барања и да обезбеди долговечност на производите.

Услуги за склопување

По завршувањето на другите фази, како што се сечење, виткање и боење, нудиме услуга на склопување и додавање на оков, шарки, брави и сл. според потребите на финалниот производ. Овој процес може да вклучува користење на нитни, штраф и други механички споеви, што осигурува дека конструкцијата е стабилна и издржлива. Нашиот искусен тим во Smates работи со внимание на деталите, обезбедувајќи прецизно склопување кое ги исполнува строгите индустриски стандарди.

Услуги за дизајн и развој на производи

Нудиме комплетна изработка на проектанско-технички цртежи во 2D и 3D, како и развој на нови производи, користејќи современи софтвери како SolidWorks. Нашиот искусен тим со задоволство работи со вас за да ги претвори вашите идеи во детализирани и прецизни дизајни. Преку нашите CAD услуги, обезбедуваме токму она што ви е потребно за успешен развој на производите, почнувајќи од концептни скици до финални технички цртежи.

Ласерско сечење и гравирање на Дрво, Плексиглас, Текстил, Кожа...

Нашите напредни услуги за ласерско сечење не се ограничени само на метали, туку нудат прецизни и ефикасни решенија за други материјали како што се дрво, плексиглас, текстил, кожа, пластика и сл. Без разлика дали сте во индустријата за мебел, мода или декорација, ние гарантираме висококвалитетни резултати со остри, чисти рабови и сложени детали, совршени за функционални и декоративни производи.

Со современа опрема, можеме да обработуваме широк спектар на дебелини и материјали, испорачувајќи конзистентни сечеви кои ги исполнуваат вашите спецификации.

Контактирајте не

За да добиете понуда или за повеќе информации.